Wednesday, April 8, 2026

Дигитално насилство-Теодора

 1.Сајбер-булинг е насилство со употреба на дигиталните технологии. Може да се одвива на социјалните медиуми, платформите за размена на пораки („месиџинг“), платформите за играње („гејминг“) и на мобилните телефони. Станува збор за однесување кое се повторува, а чија цел е да се заплашат, разлутат или посрамат оние кон кои е насочено. Такви примери се:


Ширење лаги или објавување засрамувачки пораки, слики или видеа преку платформи за размена на пораки

Претставување како друга личност и испраќање злобни пораки во нивно име или преку лажни профили

Сексуално вознемирување или малтретирање со користење на алатки базирани на генеративна вештачка интелигенција

Насилството лице в лице и онлајн-насилството често се случуваат паралелно. Но, сајбер-силеџиството остава дигитален отпечаток – запис кој може да биде од корист и да послужи како доказ кој ќе помогне да се запре малтретирањето.

2.Кои се ефектите од онлајн-насилство?

УНИЦЕФ

Кога насилството се случува онлајн се чувствуваш како да те напаѓаат отсекаде дури и во сопствениот дом. Може да ти се чини дека не постои излез. Ефектите може да траат долго и да влијаат врз тебе на повеќе начини:

Ментално – чувства на тага, срам, збунетост или лутина

Емоционално – чувство на вина, срам или губење интерес за работите што ги сакаш

Физички –  замор (поради губење сон), болки во стомакот или главоболки

Чувствата на исмевање или вознемирување од другите може да те спречат да проговориш или да се справиш со проблемот. 

Сајбер-булингот може да влијае на нас на многу начини – но со поддршка од семејството и пријателите, можеме да ги надминеме последиците и повторно да ја изградиме самодовербата и психофизичката благосостојба. 





No comments:

Post a Comment

Digitalen marketing-Teodora

  Дигитален маркетинг   —   маркетинг   на производи или услуги кои користат дигитални технологии, главно на   интернет , но исто така и моб...