Дигитален маркетинг — маркетинг на производи или услуги кои користат дигитални технологии, главно на интернет, но исто така и мобилни телефони, медиумска реклама и било кој друг дигитален медиум.[1]
Дигиталниот маркетинг развој од 1990-тите и 2000-тите години го смени начинот на кој брендовите и бизнисите користат технологија за маркетинг.[2] Како што дигиталните платформи сè повеќе се инкорпорираат во маркетинг плановите и секојдневниот живот,[3] и како што луѓето користат дигитални уреди наместо да посетуваат физички продавници,[4][5] дигиталните маркетинг кампањи стануваат се поприсутни и поефикасни.
Дигитални маркетинг методи како што се оптимизација на сајтови (оптимизација), маркетинг пребарувач (SEM), маркетинг содржина, маркетинг со инфлуенсери, автоматизација на содржини, кампања маркетинг, податоци-управувано маркетинг, е-трговија маркетинг, маркетинг на социјалните мрежи, оптимизација на социјалните медиуми, е-пошта директен маркетинг, рекламирање, е-книги и оптички дискови и игри стануваат се почести во нашата напредна технологија.[6] Всушност, дигиталниот маркетинг сега се протега на не-интернет-канали кои обезбедуваат дигитални медиуми, како што се мобилни телефони (SMS и MMS), повратен повик и мобилни ринг-тонови на чекање. Во суштина, ова проширување на не-интернет канали помага да се разликува дигиталниот маркетинг од онлајн-маркетингот, уште еден термин за маркетиншки методи споменати погоре, кои строго се случуваат на интернет.
Причини зошто би било добро да изучуваш дигитален маркетинг:
Има опции за самостојно работење
Работењето како дигитален маркетер, не те обврзува со фиксно работење „од 9 до 5“, затворен во канцеларија. Природата на онлајн работата му овозможува на дигиталниот маркетинг работење од дома или пак започнување фриленсерска кариера. Со негова помош, можеш да започнеш и сопствен онлајн бизнис. Можностите кои се отвораат со оваа работа се неограничени, а со тоа и твоите начини за заработка.
Има широк круг за „специјализација“
Со оваа индустрија се отвораат можнсти за специјализација. Ти овозможува да се определиш и фокусираш за аналитичен, креативен дел или пак комбинација од двете. Ти отвора можност да станеш специјалист за SEO, менаџер на социјални медиуми, content writer, експерт за Social Selling и уште многу други.
Одличен прилив на средства
Потребата за дигитални маркетери постојано расте. Тие станаа едни од најбараните кадри и компаниите допрва сфаќаат дека одделот за дигитален маркетинг е неопходен за раст на бизнисот. Колку повеќе ги збогатуваш своите вештини, се наградуваш со знаења и практична работа, резултатот во поглед на финансиска стабилност и дополнителни приходи е загарантиран.
Флексибилност во однос на кариерата
Широкиот спектар на вештини кои ги опфаќа дигиталниот маркетинг, овозможуваат работа на повеќе проекти, во повеќе сектори истовремено. Можноста за трансфер од една на друга работна позиција е секогаш отворена, како и можноста за избор на кариерна патека според твоите интереси и силни страни. Маркетинг агенции, компании од сите индустрии, самовработување...со дигиталниот маркетинг само небото е граница!
Постојано учење и во тек со трендовите
Дигиталниот маркетинг е динамичен и постојано се развива, бидејќи се појавуваат нови технологии и трендови,нови алатки, стратегии, социјани медиуми...затоа, од клучна важност е да останеш во тек со новостите, да стекнеш hands-on искуство со новите алатки и најновите практики во индустријата кои ќе го збогатат твоето портфолио.
Академијата за Дигитален маркетинг на Семос Едукација е ефикасен метод за изучување на најновите практики во дигиталниот маркетинг. Академијата овозможува учење од Официјалната SimpliLearn програма, со која по завршувањето, студентите се стекнуваат со Меѓународен сертификат, вештини и познавања од сите области на дигиталниот маркетинг и се подготвени да ја започнат својата кариера. Работата на реални проекти со предавачи со долгогодишно искуство во областа, дополнително го олеснуваат едукативниот процес за идните дигитални маркетери, овозможувајќи им теоретско и практично знаење кое ќе им помогне да ја започнат или унапредат својата кариера во дигиталниот маркетинг.
